На МСУ во Св. Николе промовирана книгата „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“ од проф. д-р Орце Симов
28 март 2024Неготино и Кавадарци: Средба помеѓу матурантите и тимот на МСУ
29 март 2024Меѓународен Славјански Универзитет продолжи со своите активности за поврзување со идните студенти преку посети на средните училишта низ државата. На 25. март 2024 година нашиот тим реализираше серија презентации во Виница и Кочани, целосно посветени на претставување на студиските програми кои ги нуди универзитетот, можностите за финансиска поддршка, како и сите информации за студентскиот живот на МСУ. Целта на овие презентации беше да им помогне на матурантите да се информираат за можностите за студирање на МСУ и да ги охрабриме да размислуваат за остварување на нивните академски амбиции.
За време на посетата, тимот на МСУ оствари средби со учениците во СОУ „Ванчо Прке“ во Виница, СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани. Тие имаа уникатна прилика да водат отворени дискусии со матурантите, слушајќи ги нивните прашања и нудејќи конкретни одговори и совети во врска со студентскиот живот на универзитетот. МСУ останува посветен на поддршката на младите во нивниот развој, овозможувајќи им пристап до квалитетно образование и широк спектар на можности за личен и професионален раст.