Професор од Турција со предавање на МСУ во Свети Николе на тема „Сон и здравје“
25 јули 2025Ректорот на МСУ, проф. д-р Васко Стамевски го проширува меѓународното партнерство преку посета на Атина
25 јули 2025Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет учествува како партнер во младинската мобилност „Go GREEN, stay CLEAN!“, младинска размена во рамки на програмата Еразмус+. Проектот се одржува од 22 до 31 јули 2025 година во Бребу, Романија.
Во текот на 8-дневната програма, учествуваат 42 млади лица од Романија, Чешка, Франција, Унгарија, Северна Македонија и Словачка, кои заеднички стекнуваат знаења, вештини и мотивација за справување со еколошките предизвици и промовирање на одржливи практики во секојдневието и заедницата.
Целта на проектот е да обедини млади луѓе од различни средини и култури, преку активности кои поттикнуваат личен развој, меѓукултурен дијалог и активно граѓанство. Учесниците се вклучуваат во разни работилници, активности и дискусии, со цел да ја зајакнат својата самодоверба, знаење и практични вештини поврзани со заштитата на животната средина.
Овој проект претставува уште една можност за нашите студенти да се вклучат во интернационални активности, да стекнат нови знаења и пријателства, и да придонесат кон еколошки поодговорна иднина!