Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет учествува како партнер во младинската мобилност „Go GREEN, stay CLEAN!“, младинска размена во рамки на програмата Еразмус+. Проектот се одржува од 22 до 31 јули 2025 година во Бребу, Романија.
Во текот на 8-дневната програма, учествуваат 42 млади лица од Романија, Чешка, Франција, Унгарија, Северна Македонија и Словачка, кои заеднички стекнуваат знаења, вештини и мотивација за справување со еколошките предизвици и промовирање на одржливи практики во секојдневието и заедницата.
Целта на проектот е да обедини млади луѓе од различни средини и култури, преку активности кои поттикнуваат личен развој, меѓукултурен дијалог и активно граѓанство. Учесниците се вклучуваат во разни работилници, активности и дискусии, со цел да ја зајакнат својата самодоверба, знаење и практични вештини поврзани со заштитата на животната средина.
Овој проект претставува уште една можност за нашите студенти да се вклучат во интернационални активности, да стекнат нови знаења и пријателства, и да придонесат кон еколошки поодговорна иднина!