На 21 и 22 јули 2025 година, ректорот на Меѓународниот Славјански Универзитет, проф. д-р Васко Стамевски, беше во работна посета на Атина, Грција, на покана од проф. д-р Џон Номикос, директор на Истражувачкиот институт за европски и американски студии (RIEAS). Во тие рамки, беше поканет да присуствува и на свечен настан, од страна на г. Димитрис Агуридис, сопственик на канадската компанија INTUS SmartCities.
Ректорот оствари и официјална средба со амбасадорката на Нигерија, Н.Е. Ayo Luther-Ogbomode, при што беа разгледани можностите за академска и институционална соработка.
Воедно, ја посети и Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина, каде се запозна со дел од тековните активности на дипломатскиот персонал.