Тимот на Меѓународен Славјански Универзитет ги посети средните училишта во Демир Хисар и Ресен и оствари средби со матурантите од СОУ „Крсте Петков Мисирков” во Демир Хисар и СОУ „Цар Самоил” во Ресен. Средбите беа исполнети со разговори за важноста на продолжувањето на образованието и за тоа како МСУ може да им помогне на учениците да ги остварат нивните академски и професионални соништа.
Нашиот тим се фокусираше на споделување информации за нашите студиски програми, современите услови за студирање и можностите за финансиска поддршка кои стојат на располагање за сите идни студенти.
Средбите во Демир Хисар и Ресен служеа како платформа за размена на идеи и искуства и истовремено ја нагласија важната улога што ја имаат универзитетите во поддршката на младите низ целата земја. Со овие средби ги потврдуваме нашите напори за создавање на пристапни и квалитетни образовни можности за сите, поттикнувајќи ги учениците да го искористат својот потенцијал. Остануваме посветени на обезбедување на поддршка за младите, охрабрувајќи ги да ги следат своите соништа и да работат на промените кои сакаат да ги видат во светот.