Меѓународниот Славјански Универзитет денес потпиша Меморандум за соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Скопје.
Овој договор, потпишан од претседателот на Управен Одбор при МСУ, проф. д-р Јордан Ѓорчев, и деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Ратко Дуев, ќе ги обедини експертизата и ресурсите на двете институции. Договорот вклучува низа активности – од студентски и научни конференции до обуки, работилници и летни школи, сите насочени кон поттикнување на раст, учење и соработка на двете институции.
Оваа соработка претставува чекор напред во промовирањето на меѓусебното почитување, довербата и остварувањето на заедничките интереси. Веруваме дека овој договор ќе отвори нови врати и можности за нашите студенти и професори.