На 13 јуни 2022 година, во Битола, на платото пред Офицерски дом, за првпат беше одржан настанот „Избор на матуранти на генерацијата“. Големата градска матурска забава се одржа на отворено, со прогласување на Prom King, Prom Queen и другите членови на матурското „кралско семејство“ на Битола, со битолски естрадни изведувачи.
МСУ беше еден од пријателите на настанот. Раководителот на кампус Битола на МСУ, м-р Игор Михајловски, додели 3 вредни ваучери на тројца матуранти кои беа избрани од организаторот.