Денес нашиот универзитет беше домаќин на Младинскиот форум организиран од Организација на жените на општина Свети Николе. Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и ЖРК Славјански Универзитет беа дел од настанот, каде ги презентираа своите успеси и достигнувања.
Младинскиот форум беше наменет за сите млади од Свети Николе и претставуваше платформа каде тие можеа да се дружат, да разменуваат идеи, да презентираат и заеднички да дебатираат за можностите, потребите и проблемите со кои се соочуваат и тоа да го презентираат пред локалните одлучувачки фактори.
Во рамките на форумот се реализираа 4 тематски работилници кои беа поврзани со следниве теми:
- младинско учество
- формално и неформално образование
- креативност и талент
- спорт и рекреација
За време на младинскиот форум повеќе локални институции и организации кои работат со млади имаа можност да се промовираат и презентираат пред присутните.