Наградени најдобрите оратори на Славјански

Младински форум на ОЖО се одржа на Славјански во Свети Николе
18 април 2018
IX меѓународна конференција – МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД.
20 април 2018

Наградени најдобрите оратори на Славјански

На 19-ти април 2018 на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола се одржа четвртиот по ред ОРАТОРСКИ ДЕН во организација на Факултетот за правни науки при МСУ.
 
За најдобар оратор на ниво на целиот универзитет беше прогласен Илија Трајков, студент во втора година на Факултетот за правни науки, кој се претстави со говорот на Робеспјер пред француските пратеници. 
 
Второто место припадна на Александра Мицевска од Факултетот за психологија со говорот насловен „Одлив на млади умови“.
 
Димитра Цилевска, студентка на Факултетот за психологија беше третопласирана, а нејзиниот говор беше „Судењето на Сократ“.
 
Првото место беше наградено со златна плакета и ваучер во висина од 300 евра, второто место со сребренa плакета и ваучер во висина од 200 евра, а третото со бронзена плакета и ваучер во висина од 100 евра.