Младинската размена во Романија за проектот Organic farming – Entrepreneurship Opportunity for Young People in Rural Areas

МСУ додели стипендии за три ракометарки од ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет
5 јули 2022
МСУ додели уште една стипендија на новата ракометарка на ЖРК Овче Поле – Славјански Универзитет
9 јули 2022

Младинската размена во Романија за проектот Organic farming – Entrepreneurship Opportunity for Young People in Rural Areas

Вкупно 5 млади од Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет и РРОМА во моментов се на младинска размена во Романија за Еразмус+ проектот насловен “Organic farming – Entrepreneurship Opportunity for Young People in Rural Areas“.  Младинската размена започна на 1 јули 2022, а ќе трае до 12 јули 2022.

Целта на овој проект е да се збогати знаењето на 40 млади луѓе од 5 земји за еколошкото земјоделство и претприемништво во руралните средини. Исто така планирано е за време на проектот да се развијат претприемачките и иновативните вештини на учесниците, со тоа што ќе развијат бизнис идеи за доброто на заедницата.

Целта е и да се поттикне интересот на учесниците да практикуваат и промовираат органско земјоделство и претприемништво како активни граѓани вклучени во развојот на руралната заедница, при размената и по престанокот на истата.