Михаела Ѓорчева, дел од Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, годинава беше дел од најзначајните светски платформи во Давос за време на Светскиот економски форум. Со своите говори на два панели таа го истакна нашиот универзитет како дел од глобалната мрежа која активно придонесува за општествени промени.
На платформата WeLead Lounge, организирана од Конфедерацијата на индиската индустрија и Women Inspiring Network, а поддржана од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, Михаела ја нагласи клучната улога на образованието во вмрежувањето и поддршката на жените во бизнисот. Ова не беше само говор, но истовремено и порака за глобалниот импакт кој образованието може да го има врз создавањето рамноправно и инклузивно општество.
Еден од клучните моменти од учеството на Михаела беше панелот „Power of Gender Lens Investing“, каде што зборуваше за улогата на родовата еднаквост во поттикнување на општествениот напредок. Панелот кој беше организиран од Women Inspiring Network се одржа во хотел Schatzalp во Давос. Заедно со други истакнати говорници како Аџаита Шах, Нина Рау од Lemonade, Дивја О’Конор – извршна директорка на Фондацијата Шери Блер, и Шеилџа Мехта од Дасра, Михаела говореше за важноста на инвестициите кои го промовираат родовото балансирање во различни индустрии.
Ѓорчева беше дел и од настанот World Woman Davos Agenda како делегат, каде заедно со други истакнати светски лидери беше адресирана иднината на жените во различни индустрии. Овие дискусии се уште еден пример за тоа како нашиот универзитет отвора врати за поголемо влијание на глобално ниво.
Со овој впечатлив настап, Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да биде институција која е лидер во образованието и активен учесник во креирање глобални промени. Се гледаме повторно следната година во Давос, со уште поголеми идеи и инспирации!
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |