Меѓународна научна конференција на тема „Македонија и Балканот 100 години од Првата светска војна – безбедност и евроатлански интеграции“
Професорот Јанко Бачев го презентираше својот истражувачки труд “Неколку опции за употреба на нашето уставно име во Обединетите нации“ на Меѓународната научна конференција што се одржа во Охрид од 3 до 5 јуни 2014 на тема „Македонија и Балканот 100 години од Првата светска војна – безбедност и евроатлански интеграции“. Централно прашање во трудот е обработката на меѓународно-правните механизми што стојат на располагање на Република Северна Македонија за употреба на уставното име преку четири главни органи на ООН: Секретаријатот, Советот за безбедност, Генералното собрание и Меѓународниот суд на правдата. Во работата на оваа меѓународна конференција учествуваат претставници од Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија и Северна Македонија кои работea во шест панели. Заклучоците што ќе произлезат од оваа средба, ќе бидат доставени до релевантните институции.