Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ продолжи со презентирањето на своите наставни програми пред матурантите од Охрид во СОУ „Кирил и Методиј“ и ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и во Струга во СОУ „Нико Нестор“, СОУ „Ибраим Темо“ и Јахја Кемал – Колеџ.
Покрај можностите за студирање, матурантите беа запознаени и со студентскиот живот на МСУ, активностите кои ги организираат нашите студенти, можностите за стипендии и останатите отворени конкурси.
И годинава планираме да ги посетиме сите градови во Република Северна Македонија. Следете нe’ за да дознаете кога ќе дојдеме токму во Вашиот град!