Деценискиот континуитет на крводарителските акции придонесе и континуитет на дарувањата на крв кај значителен број на наши студенти и вработени.
Во пресрет на акцијата закажана за во среда, на 14 ноември, во соработка со ОО Црвен крст – Битола ќе биде организирано предавање за новите бруцоши, а воедно оваа пригода ќе биде искористена да се врачат признанија на крводарителите кои надминале повеќе од 5 (пет) дарувања во изминатиов период.