Потпишан Меморандум за соработка со Меѓународниот центар за културна комуникација од Малезија
8 февруари 2024Во Св. Николе започна Еразмус+ програмата “Beyond Slides and Speeches: Strategies for Delivering Powerful Academic Presentations”
16 февруари 2024Врз основа на член 149 и член 135 од Законот за високото образование на Р.Северна Македонија (сл.весник 82/2018) и член 165 од Статутот на Меѓународен Славјански Универзитет Свети Николе, Република Северна Македонија, Ректорската управа на ден 27.12.2023 година донесе одлука за распишување на конкурс за упис на студенти во учебната 2023/2024 година и го објавува следниот
КОНКУРС
за запишување на студенти на втор циклус на студии
во академската 2023/2024 година – ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ
Факултет за технички науки и информатика (двегодишни студии) во Свети Николе и Битола
Број на студенти
На студиската програма на факултетот за настава на македонски јазик ќе се запишат:
Факултетот за технички науки и информатика (двегодишни студии)
- Управување со отпад – 25 студенти.
Услови и критериуми за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со добиени 180 ЕКТС (тригодишни студии). Кандидатите се запишуваат со самофинансирање на студиите. При плаќање на школарината во готово студентите добиваат попуст од 10 %.
Се определува школарина:
- Факултет за Технички науки и информатика за 2 циклус последипломски студии за насока: Управување со отпад (7 и 8 семестар) во износ од 1200 евра во денарска противвредност годишно,
- Факултет за Технички науки и информатика за 2 циклус последипломски студии за насока: Управување со отпад (9 и 10 семестар) во износ од 1700 евра во денарска противвредност годишно.
Износот на школарината за запишување на странски студенти со странска високообразовна диплома изнесува двојно од износите предвидени за домашните студенти.
Рокови за пријавување и запишување
Пријавувањето и доставувањето на документи за упис ќе се врши во просториите на ПВУ Меѓународен Славјански Универзитет Свети Николе во периодот од 30.12.2023 до 10.02.2024 година. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 12.02.2024 година.
Потребни документи за запишување
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии;
- Уверение за положени испити;
- Извод од матична книга на родените;
- Фотокопија од лична карта;
- 4 мали слики во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет Свети Николе, Република Северна Македонија во Свети Николе на ул.Маршал Тито бр.77 и во Битола на ул.Новачки пат бр.16.
За подетални информации занитересираните кандидати можат да се обратат на тел. 032/440-330, 032/440-202, 047/222-503, 047/238-077 или на електронскатa пошта info@msu.edu.mk.