„Одам на лов“ – комедија во три чина подготвена од Градски аматерски театар „Сцена 71“, Свети Николе во режија на Слободан Елисеев вечерва беше прикажана во преполниот амфитеатар на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Св. Николе.
Градски аматерски театар „Сцена 71“, Свети Николе годинава слави 45 години од своето постоење. Како благодарност за нашата долгогодишна соработка и по повод 45-годишниот јубилеј ректорот на МСУ, проф. д-р Душан Николовски ја врачи златната плакета „Г. Р. Державин“ на режисерот на претставата, Слободан Елисеев.
Улогите ги толкуваа Игор Тошев, Мери Јованчева, Антонио Миланов, Кирил Митев, Маја Коцева, Илија Трајков, Стефан Ѓорчев, Мери Додева, Петар Цековски, Лазар Андонов, Драгана Арсовска.