Средба со раководството на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана
13 април 2023Раџшри Дешпанде и Мето Јовановски во посета на МСУ и Киноверзум
20 април 2023Дали сте подготвени први да ги добивате информациите за најновите премиери во Киноверзум во Велес и Св. Николе? Ве покануваме да ни се придружите во Киноверзум клубот, бесплатно!
Најсреќниот клуб член ќе добие Киноверзум Unlimited картичка, со што бесплатно ќе може да ги следи сите премиери во Киноверзум во текот на 2023 година. Сè што треба да направите за да влезете во трката е да се зачлените во Киноверзум клубот.
Со членството ќе добиете повеќе поволности, вклучувајќи:
- Неделна програма: дознајте први за најновите филмови и премиерите, како и неделната програма.
- Попусти: искористете ги специјалните попусти на билети кои ги добиваат само Киноверзум клуб членовите.
- Поени и награди: со секоја купена влезница можете да собирате поени кои можете да ги смените со награди.
Киноверзум Unlimited картичката ви дава неограничен пристап до сите премиери во Киноверзум, специјални настани и многу повеќе. Тоа значи дека можете бесплатно да присуствувате на секоја премиера која се одржува во Киноверзум. Киноверзум Unlimited картичката се доделува на едно лице и истата може да се користи само од лицето на кое ќе биде доделена. Истата вклучува посета на премиери во кое било кино на Киноверзум, но не вклучува посета на останати редовни проекции. Истата не може да биде заменета за парична награда.
Добитникот на Киноверзум Unlimited картичката ќе биде избран по случаен избор на 15 мај 2023 година. Добитникот ќе биде контактиран на е-маил адресата со која се има регистрирано во Киноверзум клубот.
Сите учесници ќе добијат регуларна Киноверзум клуб картичка.
Киноверзум започна со работа во 2019 година како Киноверзум 3D кино во Свети Николе како единственото универзитетско кино во земјава. Со развојот во последните години Киноверзум прерасна во единствениот македонски ланец на кина. Во тригодишната работа на Киноверзум беа прикажани над 200 филмови со над 2000 реализирани проекции. Во Киноверзум се прикажуваат најновите филмови од светската филмска продукција и како единствено кино во Источниот и Вардарскиот Регион, им овозможува на граѓаните од овие региони да ги гледаат најновите европски и холивудски филмови близу до нивните домови.
Што треба да направите?
- Пополнете ја апликацијата подолу.
- Потоа ќе бидете контактирани од нашите служби за да добиете упатство за преземање на регуларната Киноверзум клуб картичка.
- Картичката ќе можете да ја преземете од Киноверзум при Вашата наредна посета.
- Очекувајте да бидете избрани за Киноверзум Unlimited картичка, со што ќе можете бесплатно да ги посетувате сите премиери во Киноверзум.
Аплицирајте овде
Апликацијата е затворена.