Агенција за млади и спорт распиша јавен повик за учество во обука за претприемништво и деловни вештини. Ги покануваме да земат учество нашите студенти и сите млади лица на возраст од 18 до 25 години, државјани на Република Северна Македонија.
Преземете го повикот овде.
Преземете ја пријавата за учество овде.
Рок за пријавување: 30 септември.
Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите млади луѓе, со пополнување на апликацијата да се пријават за учество во обуката и да ја достават до:
Агенција за млади и спорт, Сeктор млади
ул. Македонија 38, 1000 Скопје (Палата „Панко Брашнаров“), лично во Архивата на Агенцијата за млади и спорт или на e-mail: gordana@ams.gov.mk
Обуката е составена од два модули, при што секој модул претставува едукативна целина:
Првиот модул ги опфаќа претприемништвото, претприемачкиот процес и претприемачот. Преку овој модул, учесникот ќе се запознае со претприемништвото и ќе го разбере претприемачкиот процес. Овој модул исто така ќе ги опфати карактеристиките на успешен бизнис, ќе ја поттикне креативноста и ќе им овозможи на учесниците да развијат претприемачки дух, способност за препознавање на бизнис можностите, способност да се справуваат со предизвиците на самиот бизнис, како и предизвиците кои произлегуваат од окружувањето, како и да дефинираат сопствена бизнис идеја за производи или услуги во контекст на основање на сопствен бизнис, способност за подготовка на бизнис план и способност за идентификување и определување на потребни средства за бизнисот.
Вториот модул од програмата се однесува на деловните вештини потребни за основање и водење на сопствен бизнис. Преку оваа едукација, учесниците ќе се запознаат со потребните вештини за успешно водење на секојдневните бизнис операции, со цел да идентификуваат кои вештини е потребно да ги развиваат или подобрат за успешно да го водат својот бизнис. Овој модул ќе ги опфати круцијалните бизнис вештини како:
Согласно програмата, учесниците ќе стекнат потребни знаења и вештини за дефинирање на профитабилна бизнис идеја, изработка на бизнис план, подготовка на SWOT анализа на опкружувањето, како и ќе се запознаат со деловните вештини неопходни за водење на бизнисот.
Времетраењето на програмата е 48 часа, при што еден час трае 60 мин. Обуката ќе биде спроведена во 3 (три) последователни недели, односно вкупно 6 дена по 8 часа на ден (6×8=48h), во месец октомври. За точниот почеток на обуката ќе бидат информирани учесниците, по нивниот избор.
Со завршување на обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за „Претприемништво и деловни вештини”.
Работен јазик на обуките е македонски.
На повикот можат да се пријават млади лица на возраст од 18 до 25 години, државјани на Република Северна Македонија.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат e-mail: gordana@ams.gov.mk секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, или во просториите на Агенција за млади и спорт, Сектор млади.
Јавниот повик за пријавување на учесници трае до 30 септември 2019 година.