Гостување на учениците од СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе на Славјански
Денес Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“официјално потпиша договор за соработка со СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе. Потписници на договорот беа проф. д-р Душан Николовски, ректор на Славјански, и г-дин Томо Донев, директор на СОУ Кочо Рацин.
По потпишувањето на договорот учениците имаа можност да се вклучат во практични работилници од областа на психологијата, маркетинг-менаџментот, правото и безбедноста и заштитата од пожар.