Почитувани колеги,
Ве известуваме дека пристигна понудата за апсолвентска екскурзија! Ова е одлична прилика да се посети „заспаната убавица“ Венеција, да се прошетате по плоштадот Свети Марко и да ги посетите Дуждевата Палата, Мостот на Воздишките, Каналот Гранде, Мостот Риалто…
Мостот Риалто, Венеција
Патувањето продолжува кон Верона, каде ќе имате можност да ги видите Арената, плоштадите Бра, Ебре и Деи Сињори, споменикот на Данте Алигиери, куќата и гробот на Јулија, замокот Кастелвекио.
Поглед од паркот Гуел, Барселона
Кралицата на елеганцијата и шармот ве очекува! Во цената на аранжманот е вклучена и целодневната посета на Барселона и разглед на градот. Понатаму ќе имате можност да го посетите и Азурниот Брег, вклучувајќи ги и Ница, Кан и Монте Карло.
Целосната програма можете да ја преземете овде.
Заинтересираните студенти можат да се обратат директно во агенцијата Атлас Плус.