Менталното здравје ја вклучува нашата емоционална, психолошка и социјална благосостојба и влијае на тоа како размислуваме, како се чувствуваме и како постапуваме секојдневно.
Исто така, менталното здравје помага да се утврди како се справуваме со стресот, како се поврзуваме со другите и на кој начин правиме избори. Менталното здравје е важно во секоја фаза од животот, вклучувајќи го периодот на детството и адолесценцијата па се до периодот на целосното созревање на една индивуа.
Проблеми со менталното здравје се утврдени кај околу 1 од 10 деца и млади луѓе. Проблемите вклучуваат депресија, анксиозност и нарушување на однесувањето и честопати се директен одговор на се она што се случува во нивниот живот.
Сепак, алармантен е фактот дека 70% од децата и младите кои доживуваат проблеми со менталното здравје немале соодветни интервенции од страна на стручни професионални лица (психолози и педагози) во периодот на раната возраст.
Емоционалната благосостојба на децата е исто толку важна како и нивното физичко здравје. Доброто ментално здравје им овозможува на децата и младите да развијат еластичност да се справат со сето она што животот им го нуди и да прераснат во здраво формирани, возрасни индивидуи.
Оваа година е вклучен црвен аларм од страна на психолозите во светот во однос на менталното здравје на децата. Ситуацијата со пандемијата во светот бара поинаков пристап како за родителите така и за целокупниот образовен систем, во насока на зачувување на здравјето на секое дете, вклучувајќи го и менталното здравје.
Имено, враќањето на училиште веројатно ќе изгледа малку поразлично од она на кое порано сме биле навикнати ние и нашите деца.
За поддршката на менталното здравје на децата, прво ни е потребна солидна основа на информации засновани на податоци.
Потребни се податоци за да се создаде слика, да се погледнат трендовите за да се види што се случило со текот на времето и да се подготвиме за иднината.
Управување со податоците е критична алатка за спроведување и надзор над менталното здравје на децата.
Психолозите апелираат вниманието да биде свртено на менталното здравје кај децата. Секоја индивидуа кога преживува стрес поминува низ неколку фази. Една од фазите е пост – стресна состојба во која ѝ е потребно време на индивидуата да се стабилизира и да се прилагоди на новата ситуација. Истото се однесува е и на децата. Враќањето во училиште кај најмалите може да предизвика многу прашања во нивните главчиња на кои родителите и наставниците мора да бидат подготвени смирено да одговорат.
Децата може да се чувствуваат нервозни или да не сакаат да се вратат на училиште, особено ако учат дома со месеци. Бидете искрени, но смирени. Објаснете им ја улогата на носењето маски и држењето на растојание. Укажете им ја улогата на вашите деца во ситуацијава и дека тие имаат улога да ги заштитат и другарчињата и самите себе. Кога на децата им се објаснува улогата тие полесно ја прифаќаат и нивното чувство дека придонесуваат со нешто им носи чувство на важност како индивидуи. На тој начин тие ќе се чувствуваат полезни затоа што самите ќе можат да го спречат ширењето на микробите.
На децата исто така може да им биде тешко физички да бидат оддалечени од пријателите и наставниците додека се на училиште, така што можете да ги охрабрите да размислуваат за други начини на поврзување за да останат поврзани. Физичката оддалеченост не значи и емотивна дистанцираност.
Постојат безброј терапевтски игри кои овозможуваат децата да останат поврзани емоционално меѓу себе и да не се чувствуваат осамени. Овие игри се добредојдени за стартувањето на оваа поинаква учебна година. Може да се применуваат и во училница и преку интернет.
Важно е да се напомене дека со започнувањето на оваа учебна година многубројните животните улоги на секоја индивидуа ќе се намалат. На сите нас, вклучително и на децата, ни претстои еден период во кој ќе ги извршуваме само најосновните работни задачи. Тоа би значело дека и децата ќе влезат во овој биоритам.
Тоа што секој наставник и родител би требало да го знае е дека треба на секое дете да му се даде одредена улога и во училиште и дома. Улогите треба да бидат прилагодени за оваа ситуација, односно децата да имаат одредени дежурства и одговорност за имање и придржување до распоред за секојдневните активности и обврски. Менувањето на повеќе улоги кај децата ја зголемува еластичноста на личноста при решавањето на проблеми и воедно помага да се почувствуваат полезни во оваа ситуација.
Имањето на само во две животни улоги може да придонесе за создавање на проблеми со менталното здравје и кај возрасните, но и кај децата.
Емоционалното влијание на вонредната состојба врз детето зависи од карактеристиките и искуствата на детето, социјалните и економските околности на семејството и заедницата и достапноста на локалните ресурси. Сите деца не реагираат на ист начин. Некои може да имаат и посериозни, подолготрајни реакции. Следниве специфични фактори можат да влијаат на емоционалниот одговор на детето:
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |