На 27 февруари 2024 година, во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе беше одржан значаен настан за развојот на училишниот спорт во Република Северна Македонија. Со гордост ве известуваме дека нашиот универзитет беше домаќин на редовното годишно собрание на Федерацијата на училишен спорт на Македонија (ФУСМ), настан кој е посветен на поддршка и развој на младите спортисти во нашата земја.
На собранието беа присутни и претставници на Агенцијата за млади и спорт, што го потврдува значењето на настанот и заедничката цел за промоција на спортот и здравиот начин на живот меѓу младите. Оваа средба исто така овозможи платформа за размена на искуства и најдобри практики помеѓу учесниците.
Ваквите настани придонесуваат за зајакнување на врските помеѓу образованието и спортот, укажувајќи на важноста на интеграцијата на физичката активност во секојдневниот живот на учениците, студентите и младите. Во ова насока, Меѓународен Славјански Универзитет има сопствена Програма за стипендирање спортисти.