Со победа од 4:3 над УКИМ во 4-тото коло, екипата на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во мал фудбал се искачи на самиот врв и како првопласирана во групата А ќе ја помине зимската пауза.
Петтото и шестото коло се играат во март 2019, а нашите момци веќе со едната нога се во долгоочекуваното полуфинале на универзитетската лига во мал фудбал на Р. Македонија.