Доц. д-р Марјан Кицев избран за Заменик на Генералниот секретар на Советот на Европски Полициски Синдикати

МСУ одржа презентација на своите наставни програми пред матурантите од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“- Прилеп
5 мај 2022
МСУ одржа презентација на своите наставни програми пред матурантите од СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе
6 мај 2022

Доц. д-р Марјан Кицев избран за Заменик на Генералниот секретар на Советот на Европски Полициски Синдикати

На 11 Конгрес на Советот на Европски Полициски Синдикати нашиот професор д-р Марјан Кицев со консензус беше избран за Заменик на Генералниот секретар на Советот на Европски Полициски Синдикати. Во Советот на Европски Полициски Синдикати (CESP) членуваат повеќе од 300.000 полициски службеници од 15 земји во Европа.

Конгресот на Советот на Европски Полициски Синдикати се одржа на 4 и 5 мај 2022 година во Хераклион – Крит, Грција.

Доц. д-р Марјан Кицев предава група предмети на Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет.