„Сите човечки суштества се раѓаат со љубов, никој не се родил со чувството на омраза. Омразата се наоѓа на лошата страна на животот, а сите ние треба да ја избереме другата страна на која се наоѓаат љубовта, почитта, толеранцијата и разбирањето. Заеднички да се бориме слободата на говор да не прерасне во говор на омраза.“
Ова е дел од обраќањето на доц. д-р Марија Гроздановска на трибината на тема: „Препознавање и справување со говорот на омраза“ која се одржа на 26.04.2018 година во НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола како дел од проектот „Нова генерација на млади лидери за справување со говор на омраза“.