Денес беше потпишан договор за соработка со Управата за извршување на санкции за пракса во затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка.
Според договорот, студентите кои студираат на додипломските и последипломските студии на факултетите при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ќе можат да посетуваат практична настава во Затвор Куманово. Потписници на договорот се ректорот на МСУ, проф. д-р Душан Николовски и директорот на Управата за извршување на санкции, г-дин Јовица Стојановиќ.
Денес се одржа и средба помеѓу директорот на затворот Куманово, Марјан Спасовски, и претставници од управата на нашиот универзитет, на која детално беа разгледани можностите за соработка помеѓу оваа институција и нашите студенти.