Договор за практична работа во затвор Куманово

Започнаа уписите на Економскиот факултет – Љубљана
13 јули 2018
Работна средба со ректорот на Техничкиот универзитет – Габрово, Бугарија
24 јули 2018

Договор за практична работа во затвор Куманово

Денес беше потпишан договор за соработка со Управата за извршување на санкции за пракса во затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка.

Според договорот, студентите кои студираат на додипломските и последипломските студии на факултетите при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ќе можат да посетуваат практична настава во Затвор Куманово. Потписници на договорот се ректорот на МСУ, проф. д-р Душан Николовски и директорот на Управата за извршување на санкции, г-дин Јовица Стојановиќ.

Денес се одржа и средба помеѓу директорот на затворот Куманово, Марјан Спасовски, и претставници од управата на нашиот универзитет, на која детално беа разгледани можностите за соработка помеѓу оваа институција и нашите студенти.