По големото задоволство од страна на матурантите кои учествуваа минатата година, годинава продолжуваме со #DerzhaWIN2019! Наместо класичното тестирање за стипендии, решивме да ја воведеме иновативната интелектуална игра #DerzhaWIN за тандем стипендии, која ќе се одржи во Битола. Така, можете да освоите стипендија заедно со Вашиот најдобар пријател и да студирате заедно.
https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/858969427777513/
Но, прво да ви кажеме:
Интелектуалната игра #DerzhaWIN е игра на вештини, знаење, креативност, способност за снаоѓање, менаџирање со времето и интелигенција. Учениците наместо да бидат тестирани од област која досега малку ја имаат истражувано или воопшто ја немаат изучувано, тие ќе имаат можност преку игра да ги докажат нивните досега стекнати знаења и вештини.
Во интелектуалната игра ќе бидат опфатени разни загатки, креативни задачи, логички прашања, прашања од областа на јазиците, географијата, технологијата и слично.
Преку оваа игра и прашањата кои ќе бидат дел од неа кандидатите ќе можат да се запознаат со областите кои ги опфаќаат нашите факултети и како изгледа студентскиот живот на нашиот универзитет. А за награда може да добијат целосна или делумна стипендија!
Секој од кандидатите при пријавувањето ќе може да избере еден од петте факултети при МСУ за кој аплицира. Доколку, на пример, изберете информатика, прашањата и задачите во интелектуалната игра ќе бидат повеќе од областа на информатиката.
Матурантите се пријавуваат со пополнување на електронската апликација дадена на оваа страница.
За сите пријавени кандидати на денот на одржување на играта ќе биде организиран бесплатен превоз до нашиот универзитет и назад. Сите кандидати се сместуваат во амфитеатарот на универзитетот, каде нашиот тим ќе ги објасни правилата на играта и ќе даде насоки за подобро играње.
Ќе се натпреваруваат по двајца кандидати заедно (тандем-тим). Сите тандем-тимови се натпреваруваат едни против други. Секој од пријавените групи ќе извлече име (шифра), а со шифрата ќе следува и претходно подготвена маршрута со 15 точки (7+8) и индекс за оцени. Сите групи ќе мора да се движат само по зададената маршрута низ просториите на универзитетот и да ги решаваат задачите и проблемите кои „ќе им излезат по патот“.
Ниту еден тандем-тим нема да има иста маршрута и ниту еден тандем-тим нема да има потполно исти прашања и задачи.
По решавање на секоја задача или проблем професорите ќе даваат оцени на тандем-тимовите според точноста на одговорот и начинот на справување со задачата. Секој од тандем-тимовите според добиената маршрута треба да помине вкупно 15 точки низ универзитетот, а тоа значи дека треба да собере вкупно 15 оцени во индексот.
Рангирањето на тандем-тимовите ќе биде според просекот кој ќе го соберат. Оценките ќе бидат од 5 до 10, а тандем-тимот со најдобар просек ќе биде пласиран највисоко.
Ова се оцените кои може да бидат дадени според извршените задачи:
оцена 5 – не може да одговори на прашањето/задачата
оцена 6 – дава одговор соодветен на клучот со многу малку аргументи и е вон временските рамки предвидени за прашањето
оцена 7 – дава нецелосен одговор соодветен на клучот
оцена 8 – навремено дава одговор соодветен на клучот, но има недостаток од клучни факти
оцена 9 – навремено дава одговор соодветен на клучот, со мали недостатоци
оцена 10 – навремено дава одговор соодветен на клучот
Не, претходна подготовка за интелектуалната игра DerzhaWIN не ви е потребна.
Комисијата за оценување на задачите ќе биде составена од нашите најдобри професори и асистенти. Тие ќе ве водат низ играта, ќе ви даваат задачи, а ќе се обидат и да ве научат на некои клучни работи поврзани со областа во која тие предаваат.
Интелектуалната игра ќе се одржи на 13-ти април во 12:00 часот, на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола, на ул. „Новачки пат“ бр. 16.
Наградите се стипендии на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ со можност за продолжување во наредните години.
Специјални награди:
Стипендиите можат да се искористат за факултетот на МСУ кој самите учесници ќе го изберат. Двајцата учесници што се натпреваруваат како тандем-тим треба да изберат ист факултет.
Тандем стипендиите претставуваат стипендии кои се доделуваат на двајца апликанти кои заедно се пријавиле да земат учество во интелектуалната игра. Ние од Славјански сметаме дека студирањето е многу важен дел од животот на секој човек. Иако градењето успешна кариера е причина број еден зошто матурантите се запишуваат на факултет, ние мислиме дека е еднакво важно студентот да има квалитетен социјален живот.
Одењето на факултет заедно со најдобриот другар или ваш истомисленик може да ги направи часовите многу попријатни. Пријателствата кои се стекнуваат за време на студиите често остануваат за цел живот, а и секогаш ќе имате колега во кого имате доверба.
Право на аплицирање имаат сите ученици кои во моментот се во завршна година во средно училиште – матуранти 2018/2019.
Аплицирањето е бесплатно и се врши со пополнување на електронска апликација која може да се најде на дното од оваа страница (апликацијата ќе биде достапна до 10-ти април 2019). Како доказ за нивниот ученички статус, сите пријавени кандидати потребно е да прикачат фотографија од свидетелство од трета година средно образование.
Резултатите од интелектуалната игра ќе бидат познати веднаш по завршувањето на истата. Сите оценки кои ќе бидат впишани во „индексите“ ќе бидат проверени од страна на комисијата која потоа јавно ќе ги објави победниците, како и резултатите на останатите тандем-тимови.
Победник ќе биде тандем-тимот со највисок просек.
Доколку се случи натпреварувачите од првото, второто или третото место да имаат еднаков број на поени се продолжува со кратки игри на елиминација се додека не се добие победник.
Услов за да се искористи стипендијата е учениците да положат матура. За продолжување на стипендијата во наредните години на студирање лицето треба да одржи просек над 8,5 секоја година.
[iphorm id=”9″ name=”Апликација за интелектуална игра DerzhaWIN”]
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |