Во моментов делегација од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ гостува на Тамбовскиот државен универзитет „Г.Р. Державин“ по повод 100-годишнината од неговото основање.
На јубилејните прослави гостуваат делегација од Македонија, предводена од претседателот на Управниот Одбор на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин”, Ѓорчев Јордан; од Србија, предводена од генералниот секретар на Српската кралска академија на иновацискси науки, Велибор Стевиќ; од Узбекистан, предводена од професор на Самаркандски институтот за економија; од Московскиот државен универзитет, Рускиот универзитет за економија „Г.В. Плеханов“, Липецкиот универзитет и многу други партнери од Русија.
Искрено им се заблагодаруваме на нашите партнери и колеги за досегашната соработка и се надеваме дека во иднина ќе успееме да ја развиеме на уште повисоко ниво.