Кон крајот на февруари 2017 на Славјански гостуваа Ирина Штапова и Елена Џурбина, професорки од Северно-Кавкаскиот Федерален Универзитет од Пјатигорск, Русија. Целта на нивната посета беше проучување на европското искуство во наставата и стажирање на МСУ.
Интервјуто кое следува беше направено од страна на медиа-центарот на МСУ.
А: Дали би сакале да ми кажете каде сте професионално ангажирани во моментот?
E.Џ.: Нашата професионална дејност е поврзана со управување со катедри на универзитетот. Ирина Штапова раководи со катедрата за државно и локално управување, Елена Џурбина со катедрата за финансии и одданочување. Во нашите професионални функции спаѓа и организација на наставниот процес според образовните програми, спроведување на научни истражувања, управување со наставниот кадар на катедрите, интеракција со бизнис претставници и други образовни огранизации.
А: Дали би сакале да ми кажете нешто за вашите меѓународни ангажмани и соработка?
И.Ш :Универзитетот има договори за соработка со 73 универзитети, научни и образовни центри од 35 земји, меѓу кои: Азербеџан, Чешка, Словачка, Северна Македонија, Казакстан, Украина, Белорусија, Турција, Италија, Германија, Полска, Бугарија, Грузија, Ерменија, Унгарија, Канада, Абхазија, Австрија, Латвија, Јужна Осетија, Узбекистан, Иран, Таџикистан, Франција, Грција, Шпанија, Јордан, Либан, Виетнам, Швајцарија, Велика Британија, Јапонија, Естонија, Кина, Холандија. Една од најважните насоки во меѓународната дејност во нашиот универзитет е академската мобилност на студенти и професори, бидејќи нуди исклучителни можности за здобивање со елитно обрразование, спроведување на истражувања или практична работа . Како потврда на важноста на оваа насока е позитивната динамика на бројот на професори и студенти кои заминуваат на студии надвор од границите на Русија. Така во 2012 година 35 соработници на СКФУ (Северно – Кавкаски Федерален Универзитет) патуваа во рамки на програмите за академска мобилност во водечките странски универзитети, петтмина од нив според програмата Еразмус (Erasmus mundus). Исто така според програмите за акaдемска мобилност Еразмус (Erasmus Mundus) MULTIC И DAAD патуваа 29 кандидати. А во 2015 година научни стажирања, семинари за изучување на најдобри практики во Европскиот систем за образование, дискусии за прашањата за научна соработка, спроведување на научно истражувачка соработка беа упатени веќе 175 студенти и вработени од СКФУ.
Во рамките на влезната академска мобилност на нашиот универзитет со работни посети, а исто така и за учество на конференции и за спровеување обука на соработници и студенти,
учество во меѓународни студентски школи, пристигнаа 134 странски професори и претставници на образовни организации од Европа, Азија, Африка и Северна и Јужна Америка.
Студентите и наставниот кадар земајќи учество во програмите за мобилност го откривааат патот кон поквалитетни образовни и истражувачки курсеви и програми. Тие се враќаат дома не само со нови знаења, туку и со непроценливо искуство. Нашиот универзитет учествува в меѓународните програми и проекти ( TEMPUS – JPCR) Tuning Russia, Erasmus Mundus Action 2, “Multic”, Erasmus Mundus Action 3 (ISEKI Mundus 2), Tempus GREENCO, Tempus IQA, Campus France, Mevlana exchange program, и меѓународните програми за стипендирање (DAAD, Erasmus Mundus Action 1, Etudier en France).
А: Кои се вашите планови за идни наставно научни проекти во вашата земја и надвор од неа?
Е.Џ.: Како прво, би сакала да ја потенцирам нашата заинтересираност за продуктивна соработка со Меѓународниот Славјански Универзитет Г.Р. Державин, за спроведување заеднички научни истражувања и конференции, академска мобилност на студенти и професори.
По плановите на СКФУ е и продолжување на прогресивниот развој на 28 активни научни школи, вршење на истражувања според 47 научни насоки, раст на активност со учество во грантовите на руските научни фондови, зголемување на публицистичката активност на професорите, вклучително учество на меѓународни конференции и публикации на резултати од научни истажувања извршени со странски колеги.
Во 2017-2018 ќе го прошириме учеството на нашиот универзитет во меѓународните програми за обука на студенти и стажирање на професори. Во блиска иднина завршува подготвителната работа за органзирање на вакво патување во Чешка. Се одвива и работа за подготовка на грантови за студенти според програмата Stipendium Hungaricum со цел обука во Унгарија на унгарски или англиски јазик, а исто така и за конкурсот за добивање стипндии за студирање во Словенија.
Исто така ние планираме да го зголемиме учеството на нашите студенти во прогрaмата „Глобално образование“ – тоа е државна програма за финансирање на студирање надвор од границите за граѓаните на Русија, кои ќе се запишат на еден од водечките странски универзитети.
А: Која е вашата цел за посетата во Северна Македонија?
И.Ш.: Нашата посета не е прва посета на наши професори во Република Северна Македонија. Меѓународниот Славјански Универзитет и СКФУ ги поврзуваат деловни и пријателски односи, меѓу нас во 2014 година е потишана согласност за академска соработка. Основни цели на нашата посета беа проучување на Европското искуство во наставата и стажирање во МСУ, кој работи според најдобрите традиции на Европското образование и има репутација на еден од најдобрите универзитети во Северна Македонија.
Покрај тоа ние постигнавме договор за спроведување низа интересни научни и наставни активности за тековната година.
А: Какви се вашите планови за понатамошна соработка со нашиот универзитет?
И.Ш. : Во плановите за 2017 година влегува учество на руски професори на научната конференција „Меѓународен Дијалог: Исток – Запад“ која ќе се одржи на Меѓународниот Славјански Универзитет во Април и учество на претставници од македонска страна на науно практичната конференција во април – мај.
Планирано е патување на руски студенти во летниот меѓународен кампус каде заедно ќе одмораат и учат студенти од 4 земји. Ние изразуваме голема благодарност за поканата на г-дин Јордан Ѓорчев и г-дин Борче Серафимовски. Уверени сме дека ваквите активности ќе ги зацврстат пријателските односи меѓу земјите и ќе придонесат за интеграција преку творештвото на младите и науката.
На есен е планирана возвратна посета во нашата земја на професори од МСУ, во текот на која тие ќе можат не само да се запознаат со нашиот универзитет, туку и ќе добијат можност да одржат предавања, мастер класови за руски студенти. Во перспектива ние се надеваме дека ќе ги усогласиме прашањата и неопходните документи за реализирање на програмите за двојни дипломи.
А: Какви се вашите впечатоци од посетата во Северна Македонија?
Е.Џ.: Само позитивни!!! Убава земја со интересна богата историја, впечатлива архитектура, добри и гостопримливи луѓе. Посебно сакам да се заблагодарам на раководството на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“, на господата Јордан Ѓорчев и Борче Серафимовски, на ректорот Душан Николовски.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |