Врачени наградите за најдобрите средношколски есеи – 2018

Дружба на ЦПЛИП „Порака” Штип, Битола, Прилеп и учениците од училиштето за оштетен слух и говор „Кочо Рацин” од Битола
12 мај 2018
Над 350 дипломци и магистри ги добија своите дипломи на свечени манифестации во Свети Николе и Битола
24 мај 2018

Врачени наградите за најдобрите средношколски есеи – 2018

На 24-ти мај беа доделени наградите од Конкурсот за средношколски есеи. Доделувањето на наградите се одржа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.
 
Од пристигнати вкупно 234 есеи напишани од 209 талентирани автори, жирито ги издвои следниве победници:
 
Првото место припадна на Mартина Дукоска од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов”, Скопје, а нејзиниот есеј беше на тема „Иднината на човештвото. Кој ќе победи во оваа трка?“. Наградите кои беа предвидени за првото место се златна плакета, лаптоп, комплет книги и стипендија во висина од 300 евра.
 
Второто место беше за Фросина Паскоска од СОУ „Орде Чопела“, Прилеп која пишуваше на тема „Едно дождливо лето“. Наградите кои следуваа за второто место се сребрена плакета, таблет, комплет книги и стипендија во висина од 200 евра.
 
Третото место го освои Стефани Дојчиноска од ОСУ „Мирко Милески“, Кичево со есејот на тема „Стариот воз“, а наградите кои ги доби беа плакета, комплет книги и стипендија во висина од 100 евра.
 
Комисија која ги оценуваше есеите:
 
проф. д-р Христо Петрески, претседател
Кирил Трајчев, заменик претседател
лектор м-р Јасмина Пресилска, член
м-р Трајче Кацаров, член
 
Наградите ги врачи Кирил Трајчев, заменик претседател на комисијата.