Конкурс за средношколски есеи – 2017

Студенти од МСУ на пролетен фестивал во Ќиќевац, Србија
27 март 2017
Театар од Врање гостува на Славјански во Св. Николе
29 март 2017

Победници од конкурсот за средношколски есеи – 2017

Од пристигнати вкупно 206 есеи напишани од 170 талентирани автори, жирито ги издвои следниве победници:

  • 1 место – Мартин Миљев – СОУ „Љупчо Сантов“, Кочани – „Човекот – тоа сум јас“
    Златна плакета, лаптоп, комплет книги и стипендија* во висина од 300 евра
  • 2 место – Анастасија Јовановска – ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје – „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ 
    Сребрена плакета, таблет, комплет книги и стипендија* во висина од 200 евра
  • 3 место – Стефанија Јаневска – СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје – „Јас ја живеам мојата визија“ 
    Плакета, комплет книги и стипендија* во висина од 100 евра

*Стипендијата се добива еднократно и само доколку ученикот одлучи да се запише на еден од факултетите при МСУ. Истата може да се искористи само како попуст од вкупната партиципација за студирање. Наградите не можат да бидат заменети со парични средства.


Наградите ќе бидат доделени на посебна свеченост која ќе се одржи на МСУ во Св. Николе на 24-ти мај во 12:00 часот.

Сите ученици кои имаат испратено есеј се поканети да присуствуваат на настанот. Пред свеченоста сите автори на текстовите ќе добијат печатена верзија од збирката есеи „Средношколски размислувања“, каде ќе бидат објавени сите успешни есеи од конкурсот и Сертификат за учество.  

Ве молиме пристигнете барем 15 минути порано, за да можете да се регистрирате и да ги подигнете Сертификатите и печатените изданија.

Наградите за првите три места можат да се подигнат само на свеченоста која ќе се одржи на 24-ти мај во 12:00 часот.

Останатите учесници кои нема да бидат во можност да присуствуваат на свеченоста можат да ги подигнат своите Сертификати и примероци од збирката есеи „Средношколски размислувања“ најдоцна до 1-ви јуни 2017, на МСУ во Св. Николе.

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на +389 32 610 603, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.


Комисија: 

проф. д-р Христо Петрески, претседател
Кирил Трајчев, заменик претседател
лектор м-р Јасмина Пресилска, член
м-р Трајче Кацаров, член

Избор на есеи за публикација:

м-р Јасмина Пресилска


Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“  од  Свети Николе – Битола распишува

КОНКУРС

за најдобри средношколски есеи на следниве теми:

  • „Јас ја живеам мојата визија“
  • „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“
  • „Информатичкото општество како придобивка и факт“
  • „Човекот –  тоа сум јас“
  • „Безбедноста – основен услов во животот и работата“
  • „Економскиот развој на Република Македонија во 21 век“


1. Кој може да се пријави?

На конкурсот можат да учествуваат сите средношколци од Република Македонија со неограничен број на есеи.


2. Кои услови треба да ги исполнува есејот?

 Есејот треба да биде напишан на македонски јазик и да ги исполнува следниве услови:

  • да биде напишан на една од дадените теми
  • да биде подготвен како MS Office Word документ (.doc или .docx) – А4 формат
  • да не надминува 700 зборови
  • фонт Arial (со македонска/кирилична поддршка);
  • маргини: лево, десно, горе и долу по 20 mm

3. Освен есејот, дали е потребно да се достават дополнителни информации?

Потребно е на првата страница, пред почетокот на есејот, истакнати следниве податоци:

  • име и презиме на авторот
  • датум на раѓање на авторот
  • име на училиштето и место
  • адреса и место на живеење на авторот
  • телефонски број на авторот
  • адреса за електронска пошта на авторот

4. До кога најдоцна треба да се испратат материјалите?

Конкурсот ќе трае од  1 април – 1 мај 2017 година. Материјалите може да се доставуваат во овој период, најдоцна до 1-ви мај 2017.


5. Каде се испраќаат материјалите?

Есеите треба да се испратат во електронска порака на следнава адреса [email protected] со назнака „За Конкурсот за есеи“.


6. Награди

Предвидени се специјални награди за

  • Прво место: Златна плакета, лаптоп, комплет книги и стипендија* во висина од 300 евра.
  • Второ место: Сребрена плакета,  таблет, комплет книги и стипендија* во висина од 200 евра.
  • Трето место: плакета, комплет книги и стипендија* во висина од 100 евра.

За сите останати учесници ќе бидат подготвени подароци и сертификати за учество на конкурсот.

*Стипендијата се добива еднократно и само доколку ученикот одлучи да се запише на еден од факултетите при МСУ. Истата може да се искористи само како попуст од вкупната партиципација за студирање. Наградите не можат да бидат заменети со парични средства.


7. Доделување на наградите

Наградите ќе бидат доделени на посебна свеченост која ќе се одржи на МСУ во Св. Николе на 24-ти мај во 12:00 часот. Сите ученици кои имаат испратено есеј ќе добијат покана за доделувањето на наградите.

Истовремено ќе се одржи и промоција на публикацијата насловена „Средношколски размислувања“, каде ќе бидат објавени сите успешни есеи од конкурсот.


Имате прашања?

За дополнителни прашања слободно посетете ја страницата за Често поставувани прашања или обратете ни се преку подолу дадената форма. Ветуваме дека ќе Ви одговориме најбрзо што можеме!

CAPTCHA
Please wait...