Позитивни студентски искуства – задоволството од процесот на студирање е наш најголем приоритет. Сакаме преку нашиот модел на студирање за нашите студенти да овозможиме позитивни искуства.
Средина која инспирира учење преку искуство – со овозможување на широк спектар на искуства и практични задачи во текот на студирањето се стремиме на нашите студенти да им овозможиме средина во која ќе можат да ги усовршат посакуваните вештини во и вон академскиот процес.
Размени на знаења и идеи – како дел од нашата визија, сакаме да ги обединиме идеите, знаењата и културите од истокот и западот, со цел да создадеме уникатна академска средина која учи од сите, но и овозможува споделување и размена на знаења и идеи на сите нивоа.
Реални и виртуелни кампуси – да создадеме современи кампуси кои овозможуваат учење без ограничување не само во училниците, но и надвор, преку дигитални платформи.
Национални и интернационални успеси – како универзитет кој работи во два региони, би сакале да станеме институција која е позната по достигнувања од национално и интернационално значење.
Зајакнување на универзитетскиот дух – преку разни активности да создадеме чувство на припадност и гордост кај студентите (спортски настани, научни и стручни натпревари, студентски клубови, летни школи, можности за практична настава во универзитетот).