
Претставници на МСУ присуствуваа на прошталната вечер во чест на амбасадорот на Казахстан
19 септември 2026Меѓународен Славјански Универзитет им посака добредојде на три професорки од Факултетот за заштита при работа при Универзитетот во Ниш, Србија, еден од најдобро рангираните универзитети во регионот, во рамки на европската академска и научноистражувачка соработка.
Преку програмата Еразмус+, проф. д-р Тамара Раѓеновиќ престојува на наставна мобилност, а проф. д-р Татјана Голубовиќ на мобилност за обука.
На Универзитетот гостува и проф. д-р Снежана Живковиќ, која реализира краткорочна научна мисија (STSM) во рамки на COST акцијата FoodWaStop. Домаќин на нејзината мисија е проф. д-р Ленче Петреска.
Посетата овозможува размена на знаења и искуства, зајакнување на соработката меѓу двете институции и разговори за идни заеднички академски и научноистражувачки активности.
Со задоволство ги пречекуваме колешките од Универзитетот во Ниш и се радуваме на продолжувањето на нашата соработка.







