
МСУ за првпат има свој член во Association for Consumer Research (ACR) во САД
30 септември 2026
Со свечен прв академски час, МСУ им посака добредојде на новите студенти во Свети Николе
2 октомври 2026Почитувани бруцоши,
Со задоволство ве покануваме на првиот академски час – свеченост со која секоја година традиционално го одбележуваме почетокот на новата академска година и им посакуваме добредојде на новите студенти на Меѓународен Славјански Универзитет.
Свеченоста ќе се одржи на 01.10.2026 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, на следните локации:
Свети Николе: кампус Mayberry Highway, МСУ
Битола: Офицерски дом
Во рамките на свеченоста ќе се одржи врачување на индекси на новозапишаните студенти.
Студентите кои ќе присуствуваат се замолуваат да пристигнат на соодветната локација најдоцна до 11:00 часот.
За подигнување на индексот задолжително е да носите лична карта. Студентите кои при уписот не доставиле фотографии потребно е да ги донесат на настанот за да можат да го подигнат својот индекс.
Ве очекуваме заедно да го одбележиме почетокот на академската 2026/2027 година!




