Вториот ден на Новогодишен фестивал и базар во Св. Николе помина успешно со околу 2000 посетители на трите претстави.
Пред бројната публика со новогодишна програма први настапија учениците од детската градинка „Рахилка Гонева“, потоа следуваше новогодишната претстава на учениците од ОУ „Гоце Делчев“, а на крајот од вечерта средношколците од СОУ Кочо Рацин – Свети Николе се претставија со нивната комедија „Браво, генерацијо!“.
Вечерва ќе настапуваат Градски аматерски театар „Сцена 71“, Свети Николе со нивната Комедија „Во очи на најлудата ноќ“ (19:30 часот) и Мандолинскиот оркестар „Св. Николај“ (20:30 часот).
Исто така, Ресторан „Златна Москва“ на своето мени ќе нуди руски специјалитети.