Светиниколчани имаат необична и уникатна традиција за празнување на Велигден. Секоја година на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе се одржува велигденски натпревар во кршење со ноеви јајца. На овој седми по ред натпревар учество зедоа натпреварувачи од Свети Николе и Русија, а гости на манифестацијата покрај другите беа и странски дипломати.
Во опуштена и пред се весела атмосфера, учесниците ги одмеруваа совладаните техники како да се скрши јајцето на противникот. Победник на овој традиционален натпревар е светиниколчанката Сара Митевска, која со нејзиното ноево јајце кое тежи повеќе од еден килограм, ги победи останатите натпреварувачи.
Ноевите јајца се одгледани на фарма во Свети Николе и како што велат одгледувачите, тие се варат најмалку 2 часа и заменуваат над 20 кокошкини јајца.