Денес ректорката на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, проф. д-р Ленче Петреска, и нашите дипломирани студенти Ивица Поцков и Никола Глигоров донираа „УВ Гард“ – уред за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии – на болницата во Куманово.
„УВ Гард“ – уредот е иновација на нашите дипломирани студенти Ивица Поцков и Никола Глигоров. Бидејќи тие веќе донираа ваков уред во Свети Николе, одлучивме еден уред да донираме во Куманово, како град од кој имаме многу студенти.