Професор Милтон Веинрајт одржа предавање на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин” во Свети Николе. Тој е моментално најпопуларен астробиолог во светот, заедно со Chandra Wickramasinghe. Според него се уште постојат микроорганизми кои доаѓаат на Земјата од вселената и со нивно испитување во екстремните средини може да се претпостави каква бактерија би можела да живее во вселената и со кој механизам преживува и се прелагодува на средината:
„Наш заклучок е дека животот постојано доаѓа на земјата од вселената, дека животот не е ограничен на нашата планета и дека речиси сигурно, не потекнал од неа. Ако животот постојано доаѓа од вселената, тогаш мора во целост да ги измениме нашите погледи на биологијата и еволуцијата. Ќе мора да напишеме нови учебници.“ – истакна Веинрајт.
Професорот се надева дека тестовите на организмите што ќе бидат пронајдени ќе помогнат да се открие од каде потекнуваат:
„Ако односот на одредени изотопи даде една цифра, тогаш наштите организми се од Земјата, ако се прикаже друга цифра – тогаш се од вселената. Притисокот ќе биде очигледно неиздржлив“ – смета Вејнврајт.
Тој работи во Оделот за молекуларна биологија и биотехнологија на Универзитетот Шефилд (Department оf Molecular Biology and Biotechnology), каде што предава микробиологија и астробиологија. Член е на Кралското астрономско друштво, а почесен професор е на Универзитетот на Кардиф (Велс), на Универзитетот на Кралот Сауд (Саудиска Арабија) и Универзитетот Бакингем (Англија). Самиот лично избрал неговот предавање да биде на Славјанскиот Универзитет во Свети Николе.
Според него, главната цел е собирање на примероци од повеќе екстремни средини (нетипични и непогодни за живот), и понатамошно истражување дали во нив живее некоја бактерија или друг микроорганизам. Тој има намера да земе примероци од Алшар, Косел, повеќе топли (вултански) води на Кожуф, површини богати со арсен, како и од повеќе рудници низ Македонија, со цел пронаоѓање на бактерии внатре во самата руда.
Веинрајт има неколку значајни откритија од областа на микробиологијата (бактерии и други микроби кои предизвикуваат рак), има предизвикано и многу контроверзии со тврдењата дека Чарлс Дарвин ја украл идеја за еволуцијата, за тоа како животот на Хитлер бил спасен со пеницилин (кој во тоа време бил недостапен), и многу други работи. Последното поголемо откритие му беше во септември 2013 година, кога повторно пронајде живот во стратосферата и ова откритие буквално го потресе светот, бидејќи беше протолкувано како прв директен доказ дека животот на земјата дошол од вселената.
Текстот е преземен од 1.мк.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |