Свечено врачување на дипломите на МСУ во Свети Николе
24 мај 2025Проф. д-р Јордан Ѓорчев учествуваше на меѓународната конференција FOKUS FINRA 2025 во Тузла
31 мај 2025Во свечената атмосфера на Офицерскиот дом во Битола, на 26 мај Меѓународен Славјански Универзитет ја одржа традиционалната церемонија за врачување на дипломи на дипломираните студенти – значаен настан кој симболично го заокружува академскиот труд и личната посветеност на секој студент.
Ректорот на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Васко Стамевски, се обрати пред присутните со силна порака, истакнувајќи ги зрелоста, одговорноста и знаењата што дипломците ги стекнале, како и нивната подготвеност да чекорат самоуверено кон иднината.
Во рамките на свеченоста, дипломите ги врачија:
- Проф. д-р Анита Ристеска од Факултетот за психологија
- Проф. д-р Марија Гроздановска од Факултетот за правни науки
- Проф. д-р Јулијана Силјаноска од Факултетот за економија и организација на претприемништво
- Проф. д-р Цветанка Митревска од Факултетот за технички науки и информатика
Како што е традиција, свеченоста заврши со фрлање на капите и заедничка фотографија во дворот на Офицерскиот дом – симболичен чин на завршување на академското патување и почеток на нови предизвици.
Меѓународен Славјански Универзитет им честита на сите дипломирани студенти и им посакува уште многу успеси и остварени цели во иднина.
@slavjanskiuniverzitetУспесите на нашите студенти ги прославивме заедно при свеченото доделување на дипломите при МСУ во Битола! #msu #diploma #fakultet #univerzitet #uspeh #idnina #fyp