24-ти мај, денот на сесловенските просветители на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ беше прославен со свечено доделување на дипломите на последната генерација дипломирани и магистрирани студенти, како и со премиерното прикажување на новиот видео спот за универзитетот.
Гостин на свеченоста беше светски познатиот астробиолог, проф. д-р Милтон Веинрајт, кој денес беше прогласен за почесен професор на Славјански.
Меѓу дипломираните студенти имаше и роденденци, за кои подготвивме специјално изненадување – голема роденденска торта и скромни, но искрени подароци.
Уште еднаш, честитки за сите наши дипломирани студенти, им посакуваме побрзо вработување!
Повеќе фотографии можете да погледнете во албумот на нашата фејсбук страница.