На 1 октомври 2024 година, Меѓународен Славјански Универзитет со две свечености во Свети Николе и Битола го означи почетокот на новата академска година.
Основачот на Меѓународниот Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев, се обрати пред бруцошите во Свети Николе споделувајќи ја својата визија за иднината на образованието и значењето на младите генерации во обликувањето на општеството.
На свеченоста во Свети Николе, ректорката на МСУ, проф. д-р Ленче Петреска, со инспиративен говор на бруцошите им го честиташе почетокот на новата академска година на студентите, истакнувајќи ја нивната важна улога во иднината на универзитетот. Истовремено, пред бруцошите во Битола се обрати проф. д-р Павлина Стојанова, проректор за настава.
Присутните беа поздравени и од деканите и продеканите на факултетите, кои изразија поддршка за студентите во нивниот академски пат.
Првиот академски час во Свети Николе го одржа проф. д-р Никола Поповски, додека во Битола честа му припадна на проф. д-р Мирослав Пендароски. Со овие две предавања беше означен почетокот на наставниот процес кој продолжува од втори октомври.
Меѓународен Славјански Универзитет им посакува успешна година на сите студенти и им честита на бруцошите што го избраа нашиот универзитет како место за нивното академско развивање.