Студентски блог: Судбината наспроти слободната волја – Стефанија Арсова

Се одржа последниот вебинар од Платформата за психолошка поддршка на МСУ
31 мај 2021
Се одржа XII Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: ИСТОК-ЗАПАД“
5 јуни 2021

Студентски блог: Судбината наспроти слободната волја – Стефанија Арсова


Судбината наспроти слободната волја


 од Студентски блог – студентски размислувања


Пишува: Стефанија Арсова, студент на факултетот за Психологија

Во тишината на ноќта, мислата ми доаѓа во посета воведувајќи ме во виорот на фантазијата, носејќи ме во непознати димензии, со непознати слики, во време и простор кој ми е туѓ и нереален.

Пред мене беше писател осветлен со пар високи восочни свеќи. Долговечен старец зборуваше, а неговите зборови само ги доловуваа моите замисли:

Дали да прифатиме дека постои полу-контролирана сила која ги насочува нашите животи?

Дебатата за тоа дали луѓето се водени од судбината или од слободната волја, како една од најголемите етички маскаради на човекот е добро позната и жестока тема, од која се црпи инспирација и се дополнува естетската страна на човековата слабост.

Низ примерите на познати грчки и англиски претстави, јасно е опишано народното верување дека судбината ќе го контролира животот на човекот.

Во една од најпопуларните драми на Софокле – Цар Едип, концептот на судбината и слободната волја играат суштинска улога во уништувањето на Едип. Целиот живот се борел да го избегне злото но, во борба со судбината – победила таа.

Едип и Јокаста (неговата мајка) сакале да живеат по свој ум и волја, а не да бидат насочувани и контролирани од невидливата сила.

Продолжувајќи понатаму, судбината наспроти слободната волја е прикажана преку познатите „Ромео и Јулија“ од Шекспир.

Рефренот ја започнува претставата доловувајќи ја општата идеја за приказната и и објасни на публиката дека двете деца на конкурентни семејства се родени да се сакаат и да умрат со самоубиство.

Очигледно, многу познати и популарни претстави кои и се познати на генерациите на 21 век ја вклучуваат темата судбина наспроти слободна волја. Сепак, во двата примери се јавува слободната волја, но последиците што потоа се случуваат се судбински.

Имено, темава ме натера да размислувам веќе неколку недели и да споделам некои од моите размислувања: Дали да се биде верен слуга на нормите и правилата што судбината ни ги поставува или да креираме свои, макар тоа би значело јавно понижување и расипаност?

Оркестарот веќе ги свиреше последните ноти и музиката стивнуваше, кога долговечниот Старец зборуваше дека судбината му помага на човекот да ја достигне својата лична легенда…

Видно замислен само спомна дека судбината ја расплакува душата, го крева срцето и таа може и мора да создава јунаци.



Рубриката студентски блог е иницијатива на Здружението на студенти на Меѓународен Славјански Универзитет. Сите студенти при МСУ кои сакаат своето мислење да го изразат преку кратки есеи, можат својот пишан збор да го испратат на blog@msu.edu.mk.

*Сите испратени дела ќе бидат прегледувани од наш стручен кадар. Прифатените дела ќе бидат објавени на нашата официјална страна и секоја среда ќе биде објавуван по еден студентски блог во Битолски весник.