
Презентација за Европас и Еврогајденс за студентите на Меѓународен Славјански Универзитет во Битола
18 октомври 2024
Киноверзум во центарот на филмската уметност на Киненова 2024
22 октомври 2024Во текот на месеците август и септември 2024 година, Меѓународниот Славјански Универзитет имаше чест да биде домаќин на студентката Еченур Пекчетин од Универзитетот Сабахатин Заим од Истанбул, Турција, во рамките на програмата Еразмус+. Сега, по успешно завршената двомесечна пракса, со гордост можеме да кажеме дека таа ги исполни сите свои обврски и остави силен впечаток на нашиот универзитет.
Еченур, студентка по психологија, активно учествуваше во бројни истражувачки проекти и активности поврзани со оваа научна област. Таа имаше можност да работи со нашите искусни предавачи и истражувачи, притоа стекнувајќи знаења за различни методи и техники во областа на психологијата. Нејзиниот ангажман и посветеност беа за пример, а нејзиниот придонес кон тимските проекти значително ги надгради тековните истражувања на универзитетот.
Преку своето практично искуство на Меѓународниот Славјански Универзитет, Еченур успеа да ги надгради своите професионални вештини и да ги примени теоретските знаења во реални ситуации. Таа покажа високо ниво на професионалност и способност за критичко размислување, што придонесе за нејзиниот целокупен развој како идeн професионалец во полето на психологијата.
Убедени сме дека ова искуство ќе биде од голема корист за нејзината професионална кариера и дека ќе продолжи да постигнува успеси во своето поле. Искрено ѝ посакуваме сè најдобро на Еченур во нејзините идни академски и професионални потфати и со нетрпение очекуваме повторно да ја пречекаме на нашиот универзитет во иднина. Меѓународниот Славјански Универзитет останува посветен на промовирање на квалитетно образование и обезбедување уникатни можности за развој на студентите од целиот свет.




