
Се заокружува финалниот настан на „Денови на психологија“ во Свети Николе
20 декември 2025
Студенти од Меѓународен Славјански Универзитет на теренска настава во КПД Прилеп: Поврзување на теоријата со реалниот правосуден систем
22 декември 2025Во рамки на применетата и практично ориентирана настава, студентите од Факултетот за економија и организација на претприемништво при Меѓународен Славјански Универзитет реализираа студиска посета во Народната банка на Република Северна Македонија.
Посетата беше наменета за студентите кои го следат предметот Монетарна економија, под менторство на проф. д-р Јулиа Атанасовска и асс. м-р Филип Тасковски.





Во текот на посетата, студентите имаа можност одблиску да се запознаат со улогата, структурата и функциите на централната банка, како и со начинот на спроведување на монетарната политика во земјата. Посебен акцент беше ставен на монетарните инструменти и современите предизвици во економското управување.
Како дел од програмата, беше организирано стручно предавање од страна на претставници на НБРМ, како и посета на музејот на институцијата, каде студентите имаа можност да ја проследат историската еволуција на монетарниот систем на територијата на Македонија.




