На покана на градоначалникот на Општина Пуцонци, Словенија, г-дин Л. Новак, студенти од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ гостуваа на свечената прослава за Денот на општината која се одржа од 13-ти до 15-ти октомври.
Во програмата беше вклучена и посета на словенечката компанија „Рото М“, каде студентите имаа можност да се запознаат со производите кои ги нуди оваа компанија и начинот на нивно дизајнирање, изработка и продажба.
Во рамки на посетата беше организирана и кратка екскурзија низ Загреб, Хрватска.