Студенти од МСУ на фестивалот „Друзья, прекрасен наш союз!“

Започна 8-миот меѓународен фестивал „Друзья, прекрасен наш союз!“
9 септември 2019
Студенти од МСУ на практично предавање за полиграф
18 септември 2019

Студенти од МСУ на фестивалот „Друзья, прекрасен наш союз!“

Во периодот од 9-ти до 14-ти септември, во Китен (Бугарија) се одржа Осмиот меѓународен фестивал за студенти «Друзья, прекрасен наш союз!». Студентите од нашиот универзитет оваа година по петти пат земаа учество на фестивалот на кој имаа можност да го изучуваат рускиот јазик, но и да ги развиваат своите креативни вештини преку учество во различни работилници и да ја претстават македонската култура и традиција.
Фестивалот „Друзья, прекрасен наш союз!“ е организиран од Фондацијата Руски мир и фондацијата Одржлив развој за Бугарија. На фестивалот оваа година учество земаат повеќе од 250 студенти кои доаѓаат од 20 различни земји, меѓу кои се Велика Британија, Колумбија, Чешка, Хрватска, Србија, Полска, Молдавија, Романија, Германија Бугарија, Италија, Русија, Словачка, Јапонија и други.