Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ се донесоа неколку стратешки одлуки за понатамошно поефикасно функционирање.
Во рамки на одржаните научно-наставни совети на нашите пет факултети и состанокот на Ректорската управа и Управниот одбор (во проширен состав) се разгледуваа актуелните проблеми и состојбата на сите факултети и универзитетот.
Нашиот универзитет продолжува да ја насочува својата работа кон подобрување на условите за студирање и пружање на корисни искуства на студентите.