Шаховски турнир Славјански 2023
14 март 2023Покана за предавање по повод Глобална недела на пари 2023 на МСУ
17 март 2023Денес, 16 март 2023, претставници од Меѓународен Славјански Универзитет во Колхапур, Индија, остварија средба со д-р Пратапсин Десаи, претседател на Индиското здружение за техничко образование, во кое членуваат преку 2700 универзитети од Индија, повеќе од 128.000 професори и повеќе од половина милион студенти.
Се разговараше за отварање на нов современ кампус за технички факултет при Меѓународен Славјански Универзитет, што ќе ни помогне да ја зајакнеме нашата позиција како регионален центар на образование и да овозможиме подобри услови за интернационални студенти.
До крајот на месец март ќе биде потпишан договор за соработка со Индиското здружение за техничко образование. Договорот ќе биде потпишан во Делхи, во седиштето на здружението.