Овој викенд, 2-4 октомври, екипа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ учествуваше на меѓународен фестивал за здравјето во Србија. На фестивалот, наречен Здрав Фест, се готвеше здрава храна и секоја екипа готвеше храна карактеристична за крајот кој го претставува.
На фестивалот учествуваа четириесетина екипи од Србија, Словенија и уште една екипа од Р. Македонија – екипата на Општина Старо Нагоричане.